Германскиот ракометен бунделсигаш, Фухсе Берлин, на својата официјална страна денеска го потврди трансферот на Дејан Милосављев. Актуелниот голман на нашиот шампион Вардар веќе се договори со германскиот тим и од следната сезона ќе застане на голот на тимот кој оваа сезона на коло пред крајот се наоѓа на 6. место на табелата.
23-годишниот српски интернационалец потпишал договор со Фухсе до 2024 година.