Шпански извори денеска тврдат дека Бразилецот во екипата на Барселона, Филипе Кутињо, веќе ги известил своите агенти и менаџментот на тимот дека сака трансфер во текот на ова лето. Проблемот за заминување на Кутињо може да биде трансфер сумата која би требало да ја плати некој следен негов клуб, затоа што Барса за него „фрли“ 120 милиони евра. Сепак, каталонците нема по секоја цена да го задржат, затоа што Кутињо воопшто не се вклопи во новата средина. Единствената шанса Барса да најде купувач за него за приближно истата цена која ја плати лани за неговиот трансфер е Копа Америка, каде…
Author: saso
Селекторот на Холандија, Роналд Куман, беше среќен по победата со 3:1 над Англија и пласманот во финалето во Лигата на нациите. „Тоа беше добар натпревар. Имавме контрола над настаните на теренот, иако напаѓавме повеќе по крилните позиции, а изгледаше дека сме поопасни низ средината. Тие поведоа, но ние ја задржавме смиреноста и со исклучок на оној шут со глава на Санчо, противникот немаше многу шанси. Сметам дека заслужено продолжуваме напред. Досега не сме играле полуфинале и финале, ова е нешто ново, но веруваме во силите на оваа селекција“, вели Куман.
На 28 јуни во 18:45 часот, во Виена, организаторите на ракометното ЕП 2020 Австрија, Шведска и Норвешка заедно со ЕХФ го закажаа свечениот чин на одредувањ ен агрупите. Во пресрет на ждрепката познато е дека домаќините веќе ги знаат своите групи, односно Австрија ќе игра во групата Б во Виена, Норвешка во групата Д во Трондхајм, додека Шведска во групата Ф во Гетеборг. Германија, која е веќе пласирана, ќе биде во втората група во Трондхајм, групата Ц, како и Хрватска, која обезбеди ЕУРО билет ќе биде дел од групата А во Грац, додека Данска, доколку се пласира ќе игра во…
Легендата на италијанскиот фудбал, Џанлуиџи Буфон, може да се пресели во Барселона и таму да ја заврши фудбалската кариера. Буфон летово заминува од ПСЖ и веќе има понуди да се врати дома, но каталонците сакаат да му понудат договор на една година и да го направат втор голман во тимот. Во исто време, Буфон доби понуда од Бреша, која, се врати во Серија А. Понуди се очекуваат и од Лацио и Џенова, но агентот на Буфон сега веројатно ќе ја чекаа и онаа од „Камп Ноу“.
Тотенхем се вклучи во борбата за играч од средниот ред и капитен на Спортинг (Л) Бруно Фернандес, објавија португалските венсици. Според информациите, фудбалскиот агент Мигел Пино во моментов е во Лондон, каде што ќе мора да се сретне со раководството на финалистот во ЛШ и евентуално д аго договори трансферот на фудбалерот. Се зборува дека Почетино во Фернандес гледа замена за играчот од средниот ред Кристијан Ериксен, кој и самиот најави дека сака летово да си замине и да си ја проба среќата во екипата на Реал (М), која долго време беше заинтересирана за него. За Фернандес има интерес и…
Женската ракометна репрезентација на Македонија не успеа да обезбеди пласман на Светското првенство во Јапонија, откако во двата бараж-натпревари беше убедливо совладана од селекцијата на Словенија. По скопскиот пораз во неделата, избраничките на селекторот Симовски, вечерва загубија и на гостувањето во Целје. Словенија однесе убедлива победа од 38:27 и со тоа само ја потврди победата од три гола разлика на дуелот во Скопје.
Искусниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон , кој го напушти ПСЖ, може да ја продолжи кариерата во Италија. Според италијанските весници, 41-годишниот фудбалер веќе добил понуда од Бреша, која се врати во Серија А. Исто така, како опции за продолжување на кариерата пред Буфон се и Лацио или Џенова. Буфон премина во ПСЖ минатото лето како слободен агент од Јувентус. Договорот на фудбал со парижани беше до ова лето. Во исто време, во согласност на двете страни истиот можеше да се продолжи уште една година, но ПСЖ не се одилучи на таков чекор.
Македонската репрезентација до 21 година забележа победа против Финска на контролниот натпревар одигран во Трнава, Словачка. Нашата млада селекција предводена од Благоја Милевски беше подобар противник во текот на целиот натпревар и сосема заслужено запиша победа. Ване Јованов во 4. минута го постигна голот за победа на нашата селекција. Во првото полувреме, фудбалерите на Милевски создадоа уште неколку прилики за удвојување на предноста, но не реализиравме. Целосно ја контролиравме играта и во продолжението. МАКЕДОНИЈА до 21 година: 1. Ристо Јанков, 2. Ване Јованов, 3. Филип Антовски, 4. Тодор Тодоровски, 5. Агрон Руфати, 6. Есмин Личина, 7. Милан Ристовски, 8. Милош…
Денеска Здравко Чолиќ беше во посета на тренинг на фудбалската репрезентација на Македонија. Им посака среќа и поддршка на фудбалерите за натпреварот со Полска и Австрија. Фудбалерите му подарија дрес. Натпреварот меѓу Македонија и Полска се игра во петок со почеток во 20.45 часот, каде што ќе присуствува и Здравко Чолиќ.
Џани Инфантино денеска е повторно избран за претседател на ФИФА. Швајцарецот доби нов четиригодишен мандат. 49-годишниот Инфантино беше единствениот кандидат за функцијата претседател на ФИФА, а изборите беа одржани на не-алтернативна основа на Конгресот на ФИФА во Париз. Инфантино ја предводи организацијата од февруари 2016 година, наследувајќи го Јозеф Блатер, кој ја напушти функцијата по корупцискиот скандал.
