Легендата на италијанскиот фудбал, Џанлуиџи Буфон, може да се пресели во Барселона и таму да ја заврши фудбалската кариера. Буфон летово заминува од ПСЖ и веќе има понуди да се врати дома, но каталонците сакаат да му понудат договор на една година и да го направат втор голман во тимот.
Во исто време, Буфон доби понуда од Бреша, која, се врати во Серија А. Понуди се очекуваат и од Лацио и Џенова, но агентот на Буфон сега веројатно ќе ја чекаа и онаа од „Камп Ноу“.