Селекторот на Холандија, Роналд Куман, беше среќен по победата со 3:1 над Англија и пласманот во финалето во Лигата на нациите.
„Тоа беше добар натпревар. Имавме контрола над настаните на теренот, иако напаѓавме повеќе по крилните позиции, а изгледаше дека сме поопасни низ средината. Тие поведоа, но ние ја задржавме смиреноста и со исклучок на оној шут со глава на Санчо, противникот немаше многу шанси. Сметам дека заслужено продолжуваме напред. Досега не сме играле полуфинале и финале, ова е нешто ново, но веруваме во силите на оваа селекција“, вели Куман.