Искусниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон , кој го напушти ПСЖ, може да ја продолжи кариерата во Италија. Според италијанските весници, 41-годишниот фудбалер веќе добил понуда од Бреша, која се врати во Серија А. Исто така, како опции за продолжување на кариерата пред Буфон се и Лацио или Џенова.
Буфон премина во ПСЖ минатото лето како слободен агент од Јувентус. Договорот на фудбал со парижани беше до ова лето. Во исто време, во согласност на двете страни истиот можеше да се продолжи уште една година, но ПСЖ не се одилучи на таков чекор.