Шпански извори денеска тврдат дека Бразилецот во екипата на Барселона, Филипе Кутињо, веќе ги известил своите агенти и менаџментот на тимот дека сака трансфер во текот на ова лето.
Проблемот за заминување на Кутињо може да биде трансфер сумата која би требало да ја плати некој следен негов клуб, затоа што Барса за него „фрли“ 120 милиони евра. Сепак, каталонците нема по секоја цена да го задржат, затоа што Кутињо воопшто не се вклопи во новата средина.
Единствената шанса Барса да најде купувач за него за приближно истата цена која ја плати лани за неговиот трансфер е Копа Америка, каде ако Кутињо одигра како што треба, интересот за него ќе се зголеми.