Тотенхем се вклучи во борбата за играч од средниот ред и капитен на Спортинг (Л) Бруно Фернандес, објавија португалските венсици.
Според информациите, фудбалскиот агент Мигел Пино во моментов е во Лондон, каде што ќе мора да се сретне со раководството на финалистот во ЛШ и евентуално д аго договори трансферот на фудбалерот.
Се зборува дека Почетино во Фернандес гледа замена за играчот од средниот ред Кристијан Ериксен, кој и самиот најави дека сака летово да си замине и да си ја проба среќата во екипата на Реал (М), која долго време беше заинтересирана за него.
За Фернандес има интерес и кај Манчестер Јунајтед, а претходно се зборуваше дека во листата потенцијални кандидати за неговиот потпис се челзи, Арсенал и Јувентус.