Лучијано Спалети повеќе не е тренер на тимот. Веста денеска ја потврдија од Интер, откако и беше најавено дека тој ќе го напуштил клубот за да ослободи место за доаѓањето од Конте.
„Интер може да потврди дека Лучијано Спалети повеќе не е главен тренер на првиот тим. Клубот сака да му се заблагодари на Спалети за неговата работа и резултатите“, се вели во клупското соопштение.
За кусо време треба да биде објавено доаѓањето на Конте кој ќе потпише 3-годишен договор со „нероаѕурите“.

