Ливерпул нема намера да конкурира за потписот на крилниот фудбалер на Лион, Мемфис Депај, иако сериозно се шпекулира за негов трансфер во клубот,
Холанѓанецот може да си замине од Франција, но Ливерпул не е едно од местата каде би можел да продолжи.
25-годишниот фудбалер е екс-играч на Манчестер Јунајтед каде не успеа да се снајде, па мораше да бара нова средина. Ова лето по добрите негови игри во Франција може да се очекува нова преселба.