Во моментов Матеј Николов е член на ФК Вардар Скопје во генерацијата 2001, а веќе е цел на повеќе балкански клубови.
Нашата фудбалска надеж, роден во Штип на 26-ти јануари 2001 година и со својот талент на позиција лев бек и одлични технички и физички предиспозиции е најдобар фудбалер во генерацијата 2001-ва.
Во неговиот талент и одлична “лева нога” се увери и екипата на ФК Работнички Скопје, кога Николов од негова позиција вешто ја одзема топката од спротивниот играч, па крај двајца – тројца играчи, со спринт претрча цели 80 метри и беше стрелец на голот за победа на Вардар од 3:1.
Николов веќе има и настап за нашата фудбалска репрезентација.