Напаѓачот на Баер (Л) Џулијан Бранд може да го напушти клубот ова лето и да се пресели во некои од водечките европски тимови. Шпекулациите го сместуваат во дресот на Ливерпул, кој веќе имал прва рунда преговори со неговиот агент.
23-годишниот фудбалер е исто така интересен и за Борусија (Д) која е подготвена да плати сума од 25 милиони евра за неговиот потпис. Во медиумите се шпекулира и со имињата на Баерн, Јувентус, Реал и Атлетико кои наводно се интересираат за него.
Самиот играч изјави дека е среќен во Баер и сака да продолжи да игра за овој клуб, но неговата иднина во голема мера зависи од тоа дали Баер ќе игра во Лигата на шампионите.