Екипата на Наполи влегува во битка со Барселона за потписот на мексиканскиот репрезентативец од екипат ана ПСВ, Ирвинг Лозано.
Весникот „Кориере дело Спорт“ тврди дека изминатиот викенд преставници на Наполи наводно веќе договориле трансфер вреден 40 милиони евра, но други извори велат дека двете страни се уште не си подале рака, затоа што за Лозано интерес има и од Барселона, која исто така има најавено преговори.
Мексиканецот е надвор од тимот на ПСВ поради повредата на коленото. Оваа повреда исто така може да биде проблем, доколку не успее да ги мине медицинските прегледи.

