Освојувачот на Купот на Македонија од минатата година, екипата на Вардар, ќе го брани трофејот во годинешново финале против екипата на Металург. Во вториот полуфинален меч на завршниот турнир од Купот во Куманово, ракометарите на Вардар славеа над Еурофарм Работник со 35:30.
Битолчани се држеа до 40 минута на мечот кога Вардар одржуваше разлика од еден до два гола, но во последните 20 минути Еурофарм немше сили за изненадување.
Мораеш и Скубе со по 7 гола го предводеа Вардар до утрешното финале против екипата на Металург.