Шпанскиот фудбалски титан Реал Мадрид и производителот на спортска опрема Адидас го продолжија своето партнерство за уште осум години до јуни 2028 година.
„Реал Мадрид и Адидас се два од најпрепознатливите брендови во светот на спортот. Тоа е природен чекор за продолжување на нашето успешно спонзорство до 2028 година. Заедно ќе продолжиме да ја градиме оваа стратешка алијанса која ќе ни овозможи да продолжиме да бидеме репер и лидер во фудбалската индустрија“, вели претседателот на клубот, Флорентино Перез.
Според пишувањата на шпанскиот печат, со новиот договор со Адидас Реал ќе инкасира по 120 милиони евра по сезона, што е за 20 милиони повеќе од сегашниот договор.