Португалскиот стратег Жозе Мурињо изјави дека се надева дека ќе се врати на тренерската работа ова лето.
„Имам многу квалитети и еден од нив е да ги почитувам другите клубови и нивните раководства. Никогаш не сум обелоденувал дека некој клуб ме сака и се поврзал со мене. Кога го напуштив Манчестер Јунајтед во декември, веднаш решив да се вратам на работа ова лето”, изјавил Мурињо.
„Се надевам дека ќе се вратам на тренерската работа во јули со проект кој навистина ми се допаѓа”, дополнил тој.