Ракометарите на Вардар и Металург остварија очекувани победи на денешните средби од новото коло во Суперлигата. Вардар пред своја публика славеше со 28:20 над екипата на Бутел, додека металург во автокоманда славеше поубедливо над екипата на Пролет со 41:27.
Со комбиниран состав Вардар успеа да го совлада солидниот гостински тим на Бутел во меч во кој одлуката се чини падна уште во првиот дел кога Вардар направи разлика од 6 гола. Металург, пак, континуирано ја зголемуваше разликата против пролет за на крајот да обезбеди убедлива победа од 14 гола разлика.