Боксерот Адријан Аземи ќе ја претставува Македонија на европското првенство во Галати, Романија во кадетска конкуренција. Шампионатот се одржува од денеска до 2 јуни во Галати, Романија. Македонија ќе настапи со само еден, во категоријата до +81 килограм.
Аземи имаше извонреден настап на силниот меѓународен турнир „Емил Жечев“ во Бугарија каде освои златен медал и претставува голема надеж на македонскиот бокс.
Противникот на Аземи ќе биде познат денеска по официјалните мерења и ждрепката. Во делегацијата на репрезентацијата на Македонија се и тренерите, Петре Чулриновски, Насер Харуни и Васко Цубалевски.