Италијанскиот шампион Јувентус ова лето веројатно ќе се раздели со герамснкиот репрезентативец Сами Кедира. Според најновите информации, за Кедира постои интерес од екипи од САД, но и од германскиот шампион Баерн (Минхен).
Во тековната сезона Кедира одигра 17 натпревари и постигна два гола.
Извесен период, Германецот не можеше да игра, бидејќи имаше срцева аритмија што доведе до операција која му ја продолжи кариерата.