Еден Азар, веројатно го одигра последниот меч за Челзи. Тој во иднина ќе го носи дресот на Реал Мадрид, а тоа не го криеше и на прославата по победата над Арсенал во Баку синоќа:
„Игравме добро, ја контролиравме играта и среќен сум што со момците го освоивме трофејот. За иднината? Не знам, ќе одлучам следните неколку дена. Јас ја донесов одлуката, и сега останува меѓу двата клуба. Мислам дека ова е збогум, но во фудбалот никогаш не се знае. Мојот сон беше да играм во Премиерлигата, но сега можеби е време за нов предизвик“, рече Азар.

