Потпретседателот на Бразилската фудбалска конфедерација Франсиско Новејето во интервју за бразилските медиуми навести дека постои веројатност Нејмар да одбие учество на Копа Америка.
Тој рече дека со оглед на она што му се случува во приватниот живот голема е веројатноста да побара да биде ослободен од репрезентативните обврски.
„Ако Нејмар одлучи да учествува во Копа Америка, тој нема да биде 100% психолошки подготвен. Тој покажа голема желба за време на Светското првенство во 2018 година. Замислете го сега со овој емоционален набој. Мислам дека секој ќе се согласи тој да земе одмор“, изјавил потпретседателот на бразилската федерација.