Ракометарите на Вардар ја покорија Европа!. Вардар е новиот европски шампион! Македонија повторно има европски првак!
Во големото финале на ракометната Лига на шампиони, неверојатниот „црвено-црн“ тим го прегази големиот унгарски ривал Веспрем со 27:24 и по вторпат за три години се искачува на европскиот ракометен Олимп.
Перфектна, агресивна одбрана на вардарци, креативен напад, и големо срце. Тоа го красеше Вардар и денеска во ова големо финале. Без разлика на се што се случуваше во тимот оваа сезона, Вардар ги урна сите очекувања. Она што никој не го очекуваше од нив, се случи. 6 гола на Мораеш, 5 на Чупиќ и 4 на Кристопанс за голема победа и нова голема радост. Вардар е европски шампион, и шампионски да ги дочекаме во Скопје!