Очекувајќи ги ракометарите на Вардар да пристигнат со шампионскиот пехар во Скопје, денеска се појавија и првите шпекулации околу тренерот кој ќе го наследи Роберто Гарсија Парондо на кормилото на „црвено-црните“ следната сезона.
Според пишувањат ан асловенечкиот весник „Дело“, главен фаворит за кормилото е Урош Зорман, кој работеше како помошник во словенечката репрезентација, но беше помошник и на талант Дујшебајев.
Според други извори, во Вардар може да се врати и Веселин Вујовиќ, кој веќе е познато и посакувано име од фановите на Вардар. Изборот ќе биде направен откако ќе спласне еуфоријата по новата европска ракометна круна.

