Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 минути ќе го одигра третиот квалификациски меч за пласман на следното Европско првенство 2020 година. Во Скопје гостува лидерот Полска, кој по две кола е со максимален ефект 6 освоени бода.
За нашата репрезентација ова ќе биде четврти меѓусебен дуел со Полјаците против кои досега никогаш не сме славеле. На досегашните три меча имаме два порази и едно реми.
Фудбалерите истакнуваат дека се подготвени за предизвикот и сакаат да се надигруваат со ѕвездите во полскиот национален тим. Капитенот Пандев пред мечот изјави дека сите се подготвени за мечот и со нетрпение го чекаат првиот судиски свиреж.
Во нашата група денеска се играат и дуелите Летонија – Израел и Австрија – Словенија.