Бранителот на трофејот во НБА лигата, Голден Стејт успеа да направи брејк на гостувањето кај Торонто и да ја одложи промоцијата на новиот НБА шампион. Во петтиот финален меч, Воините славеа на гости со 106:105 и намалија на 2-3 во победи.
Во исклучително драматичен дуел на крајот Канаѓаните го имаа последниот напад, но Кавај Леонард не успеа да реализира откако беше изблокиран од Дрејмонд Грин.
Кај гостите одлично издание имаа „тројкашите“ Кари и Томпсон кои заедно постигнаа 12 тројки. Најефикасен беше Стеф Кари со 31 поени, додека Томпсон постигна 26. Шестиот натпревар е закажан за ноќта меѓу четврток и петок на теренот на Голден Стејт.