Author: saso

Довчерашниот капитен на екипата на Металург, Мартин Велковски, од денеска е нов ракометар на Еурофарм Работник. Тој е второто репрезентативно засилување за битолскиот клуб. Велковски потпиша договор со Еурофарм Работник во период од 4 години. Десниот бек ќе биде четврто засилување по Митревски, Маџовски и Ратајац. Велковски е ракометар кој има искуство од настапи во Лигата на шампионите и СЕХА лигата и ќе биде од голема помош за Еурофарм Работник. На оваа позиција во екипата се уште и Стјепановиќ и Михајло Петровски.

Read More

Нејмар веќе им дојде преку глава на првите луше на ПСЖ и тие се подготвени да завршат со него, пишуваат француските медиуми. Според индормациите,  шефовите на парискиот тим целосно го сменија својот став и се подготвени да разговараат за продажба на Бразилецот. Лично претседателот Насер ал Келаифи објавил дека новата политика нема да толерира незаинтересираност и неодговорна игра на играчите, а Бразилецот неколку пати беше обвинуван за вакви работи по трансферот во 2017 година. Напаѓачот пред своите роднини веќе изјавил дека во Париз повеќе не се чувствува среќен. Ова ја отвора вратата за неговиот трансфер, но францускиот шампион ќе го…

Read More

Матс Хумелс е на чекор до враќање во дресот на Борусија (Д), но проблем се парите. Ккао што соопштува угледниот магазин „Кикер“ двете страни не можат да се договорат за отшетата. Се зборува дека трансферот е фиксен 30 милиони евра и баварците не сакаат да спуштат ниту евро. Во моментов Борусија (Д) не е подготвена да ја плати оваа цена за својот поранешен фудбалер. Наводно, „милионерите“ понудиле 25 милиони евра, но оваа сума не му се допаднала на раководството на тимот од Минхен. И додека двата клуба се „ценкаат“, Матс веќе ги договорил личните услови за новиот договор со стариот…

Read More

По вчерашната завршница на квалификациите за ракометното ЕП 2020, Македонија по шестипат успеа да се најде на завршницата на континенталните собири. Сега преостанува на 28 јуни во Виена да ги дознаеме групите за шампионатот кој во јануари не очекува во Шведска, Австрија и Норвешка. Ова ќе биде првото ЕП на кое ќе играат 24 репрезентации поделени во 6 групу со по четири селекции. За шест репрезентации веќе се знае и во кои групи ќе бидат. Според она што е познато, Хрватска ќе биде во групата „А“ во Грац, Австрија во групата „Б“ во Виена, Германија во групата „Ц“ во Трондхајм,…

Read More

Дефанзивниот играч на холандски ПСВ, Дензел Демфрис може да биде едно од новите имиња во составот на Соскјер во Манчестер Јунајтед. Неговото име денеска се почесто се споменува во клупската база на „црвените ѓаволи“, пренесоа англиските весници. Некои информации велат дека од Манчестер Ј. веќе стигнала понуда за клубот од Ајндховен. Износот на трансферот се движи околу 28 милиони евра со вклучени бонуси. Демфрис минатото лето дојде во ПСВ од екипата на Херенвен.

Read More

Наполи, Интер и Милан влегоа во сериозна битка за потписот на  дефанзивниот играч од средниот ред на Фулам, Жан-Мишел Сери . Сери се пресели во Фулам минатото лето, но откако клубот испадна од Премиер лигата, веројатно ќе сака да ја смени средината. Проценките велат дека Фулам нема да прави проблеми за негово заминување, но ќе бара најмалку 35 милиони евра.

Read More

Фудбалската репрезентација на Уругвај почна со убедлива победа на новото издание на Копа Америка. Во меч од 1. Коло, Уругвајците со 4:0 го совладаа Еквадор. Головите за Уругвај во овој премиерен меч за нов на првенството ги постигнаа Николас Лодеиро, Единсон Кавани и Луис Суарез, додека четвртиот погодок беше всушност автогол на Еквадорецот Мина. Во вториот меч синоќа селекцијата на Парагвај одигра само нерешено 2:2 со селекцијата на Катар. За вечерва е закажан само еден меч, дуелот меѓу Чиле и Јапонија, со кој практично ќе се затвори 1. коло во групната фаза.

Read More

Еден од ракометарите кои денеска беа најзаслужни за победата на Македонија над Грција, секако беше нашиот голман, Никола Митревски. Тој бранеше извонредно на мечот во салата „Парк“ во Струмица и со своите интервенции ги отпиша гостите. „За нас е одлично што победивме и што мечот се заврши без повреди. Временските услови беа проблем но се снајдовме. Грците одиграа уште еден добар натпревар, покажаа дека не се лоша репрезентација но, сепак, како и на мечот против Турција пресуди нашиот квалитет и мотивираноста да завршиме први во оваа група“, вели нашиот голман.

Read More

Македонските ракометари со победа го потврдија пласманот на ЕП 2020. Денеска во Струмица во салата „Парк“, нашите ракометари им вратија на Грците за поразот во Кожани и славеа со 27:23 (13:11). Со ова Македонија ги заврши квалификациите со свое шесто учество на континенталните собири. Во јануари нашите момци ќе ги гледаме на нов европски шампионат и се надеваме ќе не израдуваат со нов добар резултат.

Read More

Денеска и официјално е утврден календарот за натпреварите во новата сезона во англиската Премиер лига. Сезоната 2019/20 започнува на 9 август со натпреварот меѓу европскиот шампион Ливерпул и новајлиите во елитата, екипата на Норич. Актуелниот шампион Манчестер Сити во премиерното коло од новата сезона стартува против екипата на Вест Хем на гости. Тотенхем ќе се сретне со Астон Вила, Арсенал, пак, за противник ќе го има Њукасл. Последниот натпревар од првиот круг ќе се одигра на 11 август меѓу Манчестер Јунајтед и Челзи што ќе биде огромно дерби уште на стартот на сезоната на „Олд Трафорд“.

Read More