Дефанзивниот играч на холандски ПСВ, Дензел Демфрис може да биде едно од новите имиња во составот на Соскјер во Манчестер Јунајтед. Неговото име денеска се почесто се споменува во клупската база на „црвените ѓаволи“, пренесоа англиските весници.
Некои информации велат дека од Манчестер Ј. веќе стигнала понуда за клубот од Ајндховен. Износот на трансферот се движи околу 28 милиони евра со вклучени бонуси.
Демфрис минатото лето дојде во ПСВ од екипата на Херенвен.