Фудбалската репрезентација на Уругвај почна со убедлива победа на новото издание на Копа Америка. Во меч од 1. Коло, Уругвајците со 4:0 го совладаа Еквадор.
Головите за Уругвај во овој премиерен меч за нов на првенството ги постигнаа Николас Лодеиро, Единсон Кавани и Луис Суарез, додека четвртиот погодок беше всушност автогол на Еквадорецот Мина.
Во вториот меч синоќа селекцијата на Парагвај одигра само нерешено 2:2 со селекцијата на Катар. За вечерва е закажан само еден меч, дуелот меѓу Чиле и Јапонија, со кој практично ќе се затвори 1. коло во групната фаза.

