Наполи, Интер и Милан влегоа во сериозна битка за потписот на дефанзивниот играч од средниот ред на Фулам, Жан-Мишел Сери .
Сери се пресели во Фулам минатото лето, но откако клубот испадна од Премиер лигата, веројатно ќе сака да ја смени средината. Проценките велат дека Фулам нема да прави проблеми за негово заминување, но ќе бара најмалку 35 милиони евра.

