Еден од ракометарите кои денеска беа најзаслужни за победата на Македонија над Грција, секако беше нашиот голман, Никола Митревски. Тој бранеше извонредно на мечот во салата „Парк“ во Струмица и со своите интервенции ги отпиша гостите.
„За нас е одлично што победивме и што мечот се заврши без повреди. Временските услови беа проблем но се снајдовме. Грците одиграа уште еден добар натпревар, покажаа дека не се лоша репрезентација но, сепак, како и на мечот против Турција пресуди нашиот квалитет и мотивираноста да завршиме први во оваа група“, вели нашиот голман.