Македонските ракометари со победа го потврдија пласманот на ЕП 2020. Денеска во Струмица во салата „Парк“, нашите ракометари им вратија на Грците за поразот во Кожани и славеа со 27:23 (13:11).
Со ова Македонија ги заврши квалификациите со свое шесто учество на континенталните собири. Во јануари нашите момци ќе ги гледаме на нов европски шампионат и се надеваме ќе не израдуваат со нов добар резултат.