Author: saso

Адријан Рабио и Матијас де Лихт се очекува да потпишат договори со италијански Јувентус следната недела, објавија некои италијански весници. Спортскиот директор на “Старата дама”, Фабио Паратичи, делува сериозно за да ги заокружи и двете зделки, обидувајќи се да ги пшобеди во битката за двајцата фудбалери сериозните конкуренти, барселона и ПСЖ. Рабио во моментов е слободен агент откако го напушти ПСЖ, и е подготвен да ја намали сериозно годишната плата, за да парафира со Јувентус. За сметка на тоа, сепак, неговата мајка, која е и негов агент, ќе добие поголем процент провизија. Во исто време од Де Лихт ја прифатил…

Read More

Милан сака да го добие на позајмица на две сезони младиот шпански репрезентативец, Дани Себаљос. Откако 22-годишниот фудбалер доби до знаење дека е непотребен во идниот тим на Зидан, за него веќе се интересираат најмалку три големи клубови од Европа. Меѓу нив и Милан, кој наводно веќе преговара со Реал да му го даде под наем.

Read More

Тренерот на италијански Интер, Антонио Конте, веќе објавил пред своите шефови дека Мауро Икарди не влегува во неговите планови и тој нема да смета на него следната сезона. Информацијата стигнала и до претставниците на Аргентинецот, кој ќе мора да си бара нов тим. Познато е дека Икарди кој беше дури и капитен на гигантот од Милано, долго време беше во конфликт со управата на клубот и сето тоа ја наруши атмосферата во екипата. Тоа очигледно не се допаднало на новиот тренер на тимот и тој решил да му се заблагодари и да продолжи без него.

Read More

Сампдорија на официјалната веб-страница го објави назначувањето на Еузебио ди Франческо за главниот тренер на клубот. 49-годишниот италијански специјалист склучи договор со клубот до 30 јуни 2022 година. Ди Франческо беше разрешен од функцијата тренер на Рома по елиминацијата од Порто во осминафиналето на ЛШ. Претходно, функцијата главен тренер на Сампдорија ја напушти Марко Џампаоло.

Read More

Македонскиот борач Бесир Алили успеа да го освои европското злато на кадетското ЕП во Италија. Тој денеска во финалната борба во категоријата до 48 килограми славеше над Ерменецот Хованинисјан со 7:6 и успеа да обезбеди европско злато. На патот до финалето Алили ги совлада Оскар Кулчицки од Полска, Андреј Витан од Молдавија и Лука Гугешашвили од Грузија.

Read More

Јувентус на својата официјална веб-страница го објави продолжувањето на договорот со играчот од средниот ред, Родриго Бентанкур. Новиот договор меѓу “Старата Дама” и 21-годишниот фудбалер ќе биде за 5 сезони. Тоа значи дека Бентакур останува во „црно-белиот“ дрес најмалку до летото 2024 година.

Read More

Ајакс денеска го продолжи договорот со главниот тренер на тимот Ерик Тен Хаг. Новиот договор меѓу специјалистот и холандскиот клуб ќе важи до летото 2022 година. 49-годишниот Тен Хаг го предводеше Ајакс од декември 2017 година, кога го замени тогашниот тренер на тимот Марсел Кејзер. Минатата сезона, клубот под раководство на Тен Хаг за првпат во последните пет години стана шампион, а стигна и до полуфиналето на ЛШ.

Read More

Атлетико (М) и Реал (М) денеска постигнаа договор за трансфер на младиот шпански репрезентативец, Маркос Љоренте. Откако играчот од средниот ред ги мине медицинските прегледи, тој ќе потпише договор со “јорганџиите” на пет сезони. Во Реал Љоренте дојде во 2008 година. Дебито за Реал Мадрид во Примера го направи на 17 октомври 2015 година.

Read More

Светското првенство во 2022 година можеби нема да се одржи во Катар, како што претходно беше одлучено. Според некои американски извори, поради скандалот со корупција при изборот на земјата домаќин, итно може да се префрли одржувањето на светското првенство во друга земја. Изворите велат дека во моментов ФИФА одржува тајни состаноци за да најде земја која е подготвена да биде домаќин на првенството. Неодамна стана познато дека поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, беше приведен да сведочи за корупцијата при изборот на организаторот на Светското првенство во 2022 година. По сослушувањето, Французинот беше ослободен.

Read More

Украинскиот играч од средниот ред, Александар Зинченко, денеска потпиша нов договор со Манчестер Сити. Новиот договор ќе важи до летото 2024 година. Зинченко се пресели во Манчестер Сити во летото 2016 година од екипата на Уфа. Трансферот изнесуваше само 2 милиони евра. Како дел од англискиот тим, тој веќе има 43 натпревари на сите турнири.

Read More