Милан сака да го добие на позајмица на две сезони младиот шпански репрезентативец, Дани Себаљос.
Откако 22-годишниот фудбалер доби до знаење дека е непотребен во идниот тим на Зидан, за него веќе се интересираат најмалку три големи клубови од Европа. Меѓу нив и Милан, кој наводно веќе преговара со Реал да му го даде под наем.