Author: saso

Челзи му се закани на Атлетико Мадрид дека ќе ја прекине позајмицата на Алваро Мората, ако шпанскиот клуб не му понуди постојан договор на фудбалерот. Шпанецот отиде на „Ванда Метрополитано“ во јануари, потпишувајќи договор за закуп на 18 месеци. Атлетико (М) и не се потпираше премногу на неговите наспати, па многумина веруваат дека тој може да се врати во Лондон и да ја бара својата шанса кај новиот менаџер Лампард.

Read More

ПСЖ побара од Јувентус да ја каже цената за дефанзивецот Леонардо Бонучи. Според весникот „Газета дело Спорт“, Французите сакале да знаат дали италијанскиот шампион е подготвен да учествува во рагзовори за дефанзивецот. Бонучи го напушти Јувентус пред две години и замина во Милано, но по една разочарувачка сезона се врати кај „бјанконерите“. Со доаѓањето на новиот тренер Маурицио Сари, неговата позиција во тимот е дискутабилна. Од Јувентус засега немаат никаков одговор на барањето на ПСЖ.

Read More

Поранешниот холандски репрезентативец Весли Снајдер е уапсен во Утрехт. Фудбалерот на катарскиот тим Ал Гарафа испокршил паркиран автомобил во холандскиот град, по што морала да реагира и полицијата. На играчот му е изречена казна и тој ќе мора да ја плати штетата на возилото. Снајдер самиот не го потврди инцидентот. Според некои информации, фудбалерот бил пијан и задржан во притвор до утринава.

Read More

Директорот на Интер имал состанок со претставниците на Герет Бејл , разгледувајќи ја можноста да го доведе играчот на Реал Мадрид во Милано. Велшката ѕвезда не е потребен во тимот на Зидан, но се уште има активен договор и Реал никако не може да се реши од него. Шансите на Бејл да го напушти „Сантијаго Бернабе“ се мали, затоа што фудбалерот нема намера да ја намали својата плата. Тој има договор до 2022 година и добива 15 милиони евра по сезона, што е голем проблем, бидејќи малку клубови можат да си дозволат да ја покријат неговата плата.

Read More

Манчестер Јунајтед повторно почна да се интересира за играчот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ. Според информациите, Оле Гунар Солскјер е заинтересиран да го донесе Хрватот како замена за Пол Погба, доколку Французинот сепак ова лето реши да го напушти клубот. Реал (М) и Јувентус и натаму се интересираат за потписот на Погба, па прашање е дали Манчестер Ј. ќе успее да ги одбие нивните напади. Барселона се обидува да учествува со некои од своите играчи на трансфер пазарот ова лето за да собере доволно пари за реализација на трансферот на Антоан Грзиман.

Read More

Шпанска „Марка“ тврди дека Килијан Мбапе ги одбил понудите на ПСЖ за продолжување на соработката и со тоа најави заминување од Франција следното лето. Французинот уште во мај побара поголема одговорност и порача дека ќе си ја побара среќата во друг клуб доколку ПСЖ не му ја исполни желбата. Првиот човек на клубот, Насер Ал Келаифи истакна дека нема шанси да се случи трансфер и рече дека е 200% сигурен дека Килијан Мбапе останува на „Паркот на принцовите“. Според пишувањата на „Марка“, ПСЖ би можел да го промени ставот со оглед на тоа што Мбапе одбива да стави потпис на…

Read More

Македонската ракометна репрезентација доби исклучително поволна група за претстојното Европско првенство 2020 година, кое ќе се одржи во Австрија, Норвешка и Шведска. „Црвено-жолтите“ ќе бидат стационирани во Виена, а во нашата група за ривали ги добивме селекциите на Чешка, Австрија и Украина. Ждрепката е поволна, па Македонија ќе може да се подготвува за уште еден добар настап на шампионатите. Во останатите групи за ова ЕП се најдоа: Европското првенство на кое учество за првпат ќе земат 24 репрезентации започнува на 9 јануари.

Read More

Ливерпул денеска и официјално го донесе првото засилување. Она што медиумите го најавија уште минатата недела, се реализираше. Младиот 17-годишен фудбалер на екипата на Цволе, Сеп ван ден Берг, од денеска е нов член на европскиот шампион. Иако има само 17 години, Ван ден Берг одигра 15 натпревари во првата холандска лига минатата сезона и неговите настапи не останаа незабележани. „Не можев да поверувам, мислев дека е шега. Навистина бев среќен, а искрено, бев малку и уплашен затоа што толку голем клуб покажа интерес за мене. Бев малку уплашен, но во исто време и многу возбуден. Ливерпул за мене е…

Read More

Ромелу Лукаку може да биде нов фудбалер на Интер, но само како позајмен играч. „Нероаѕурите“ имаат понуда за Манчестер јунајтед вредна 10 милиони евра за двегодишна позајмица на Белгијанецот, со обврска целосно да го купат за дополнителни 60 милиони евра. Белгиецот е прва желба на Антонио Конте за засилување на нападот и новиот тренер на тимот ќе инсистира на негово ангажирање ова лето.

Read More

Најавената размена на голмани меѓу Барселона и Валенсија се реализираше. Барса го продаде Јаспер Силесен на „Местаља“ вчера, а денеска од таму го донесоа бразилскиот чувар на мрежата Норберто „Нето“ Мурара. Отштетата која Барса и ја плати на Валенсија изнесува 26 милиони евра плус уште 9 милиони дополнително во форма на бонуси во зависност од настапите и успесите на играчот. Нето стави потпис на договор до крајот на сезоната 2022/23, а откупната клаузула му изнесува 200 милиони евра.

Read More