ПСЖ побара од Јувентус да ја каже цената за дефанзивецот Леонардо Бонучи. Според весникот „Газета дело Спорт“, Французите сакале да знаат дали италијанскиот шампион е подготвен да учествува во рагзовори за дефанзивецот.
Бонучи го напушти Јувентус пред две години и замина во Милано, но по една разочарувачка сезона се врати кај „бјанконерите“. Со доаѓањето на новиот тренер Маурицио Сари, неговата позиција во тимот е дискутабилна.
Од Јувентус засега немаат никаков одговор на барањето на ПСЖ.