Најавената размена на голмани меѓу Барселона и Валенсија се реализираше. Барса го продаде Јаспер Силесен на „Местаља“ вчера, а денеска од таму го донесоа бразилскиот чувар на мрежата Норберто „Нето“ Мурара.
Отштетата која Барса и ја плати на Валенсија изнесува 26 милиони евра плус уште 9 милиони дополнително во форма на бонуси во зависност од настапите и успесите на играчот.
Нето стави потпис на договор до крајот на сезоната 2022/23, а откупната клаузула му изнесува 200 милиони евра.

