Тренерот на италијански Интер, Антонио Конте, веќе објавил пред своите шефови дека Мауро Икарди не влегува во неговите планови и тој нема да смета на него следната сезона. Информацијата стигнала и до претставниците на Аргентинецот, кој ќе мора да си бара нов тим.
Познато е дека Икарди кој беше дури и капитен на гигантот од Милано, долго време беше во конфликт со управата на клубот и сето тоа ја наруши атмосферата во екипата. Тоа очигледно не се допаднало на новиот тренер на тимот и тој решил да му се заблагодари и да продолжи без него.