Реал Мадрид е подготвен да се раздели со обанзивниот бек, искусниот Марчело, доколку успее овој летен преоден рок во тимот да го обезбеди Ферлан Менди од Олимпик Лион.
Реал наводно веќе понудил сума од 50 милиони евра за 24-годишниот Менди и се надева дека наскоро ќе го финализира трансферот. Марсело игра на “Сантијаго Бернабеу” од 2007 година и има 486 натпревари за „кралскиот“ клуб. За него интерес имаше од Јувентус, кој се уште чека да види каков ќе биде статусот на Бразилецот.