Португалскиот фудбалски стратег, Паоло Фонсека и официјално е нов тренер на италијанска Рома. Утрово веста ја потврди и официјалниот сајт на клубот. Договорот за стратегот е составен на две години, со опција за продолжување на уште една.
Претходните три сезони, Фонсека работеше во Шахтјор Доњецк со кој во период од три години успеа трипати да го освои првенството на и трипати да биде победник на Купот.
„Многу сум среќен што ја добив оваа работа. Му благодарам на клубот за можноста да се докажам. Јас сум ентузијаст и мотивиран од предизвиците што ги добивам. Верувам дека ќе можеме да создадеме нешто посебно“, изјави 46-годишниот Фонсека.