Шпанецот Давид Хосе Писонеро ќе биде нов тренер на европскиот шампион Вардар. Денеска и официјално, „црвено-црните“ го потврдија неговото име. Тој ќе је преземе екипата летово и ќе ги води вардарци во одбрана на европската титула.
Писонеро доаѓа од Ваљадолид, каде беше тренер последниве две сезони. Како тренер почнал во Ваљадолид, а во помладите категории бил првак на Шпанија со кадети и младинци. Бил и со репрезентацијата на Шпанија како дел од младинскиот тим на СП 1993 година во Египет.
„Верувам дека клубот бараше некои карактеристики за наследник на Парондо во кои и јас се гледам себе си, и стил на игра што јас го негувам. Јас сакам да работам секојдневно и да размислувам така, и не гледам далеку пред себе. Горд сум што ќе бидам тренер на Вардар и што ќе бидам дел од Лигата на шампионите“, изјавил Давид Хосе Писонеро.