Играчот од средниот ред на Севиља, Максим Гоналон, го објави своето враќање во Рома. Францускиот фудбалер одигра само една сезона во Шпанија како позајмен фудбалери, по што реши да се врати во Италија.
„Времето во Севиља ми даде многу … Открив нов клуб, необичен градски и фудбалски стил кој ме фасцинира. Ви посакувам се најдобро“, напишал Гоналон на социјалните мрежи.
Гоналон е дел од Рома од 2017 година, но останува неизвесно дали ќе биде дел од тимот за слената сезона или ќе мора повторно да ја менува средината.