Европскиот шампион Вардар и натаму е во потрага по квалитетни засилувања за тимот за следната сезона. Последните шпекулации велат дека „црвено-црните“ се во преговори со досегашниот ракометар на Висла Плок, Хозе Толедо.
Станува збор за десен бек кој е исклучително висок и кој треба да биде опција за десната бековска позиција каде веќе Вардар го има Криштопанс.
Бразилецот настапува и за својата репрезентација од 2015 година.

