Македонскиот борач Владимир Егоров во денесната репасажна борба со бугарскиот борач Вангелов се избори за резултат 3:3 што не беше доволно за победа и борба за медал на ЕИ во Минск. Егоров најверојатно ќе го освои 7-то место во категоријата до 57 килограми, иако имаше шанси и за медал.
Добар старт имаше Могамедгаџи Нуров кој со технички туш го победи литванскиот борач Красаускас и надмоќно се пласира во 1/4 финалето на Европските игри МИНСК 2019 во категоријата под 97 килограми каде ќе се сретне со рускиот борач, светскиот и европски првак Абдулрашид Садулаев.
За жал, Фати Весели ја загуби борбата против еден од најдобрите светски борачи русинот Ахмед Чакаев со резултат 9:1, а неговиот понатамошен настап зависи од понатамошниот резултат на рускиот борач.