Шпанска Валенсија го најави доаѓањето на холандскиот голман Јаспер Силесен од екипата на Барселона. Откако претходно беше објавено дека Барслеона и Валенсија ќе си ги разменат голманите Нето и Силесен, сега од составот на „лилјаците“ стигнува уште една потврда по еден твит на социјалната мрежа.
Познато е дека Силесен веќе ги минал лекарските прегледи во клубот и се чека само формалноста да ја објават и двата клуба. Минатата сезона, 30-годишниот Силесен одигра само 3 натпревари за шпанскиот шампион, и самиот најави дека ова лето сака да си замине.
