Францускиот шампион ПСЖ денеска и официјално го потврди трансферот на Пабло Сарабиа. Досегашниот фудбалер на Севиља ќе биде ново име во редовите на францускиот гигант.
Сарабиа потпишал 5-годишен договор со „светците“, а ПСЖ за него плати 18 милиони евра, колку што и беше клаузулата во договорот на Шпанецот за заминување од составот од Андалузија.