Поранешниот тренер на Њукасл Јунајтед, Рафаел Бенитез, се согласи да го предводи кинескиот клуб Далиан. 59-годишниот шпански специјалист може да биде претставен како тренер на тимот во кинеската Супер лига утре. Платата на Бенитез во Далиан ќе биде 12 милиони фунти (околу 13,4 милиони евра).
Бенитез го предводеше Њукасл Јунајтед од март 2016 година. Шпанскиот стратег го врати тимот во Премиер Лигата, а минатата сезона клубот заврши на 13 место.