Конечно, денеска Манчестер Јунајтед го заврши потпишувањето на договорот со дефанзивецот на Кристал Палас, Арон Ван Бисака. Стоперот на Кристал Палас и официјално е нов фудбалер на „црвените ѓаволи“ со договор вреден 50 милиони фунти.
Младиот фудбалер уште вчера ги мина лекарските прегледи во кампусот на Јунајтед, по што денеска се чекаше само официјализацијата на договорот. Ова за Манчестер Ј. е второ засилување ова лето, откако во тимот веќе е доведен и младиот Даниел Џејмс од Свонси.