Фудбалерите на Шкендија остварија минимална победа од 1:0 на гостувањето во Естонија против екипата на Номе Калју од 1:0 во првиот меч од 1. квалификациско коло во Лигата на шампионите. Во меч во кој тетовци беа многу подобар ривал, на крајот одлучи удар од белата точка. На единствениот гол се чекаше повеќе од 80 минути. Агим Ибраими ја доби шансата да го реши мечот и со прецизен удар во 81. минута им донесе водство на нашите шампиони. Номе Калју не покажа игра од која Шкендија треба да стравува во реваншот, иако е јасно дека ќе треба да се одиграат уште…
Author: saso
Денес започнува новата ера во Реал Мадрид по поразителната мината сезона, кога тимот целосно потфрли. Проблемите со тренерите, исто така, придонесоа за она што се случи, па враќањето на Зинедин Зидан и вложените 298 милиони евра во нови фудбалери треба да го вратат стариот лик на клубот. Еден Азар од Челзи беше трансфер бр. 1, но и Родриго, Милиато, Јовиќ и Менди се ѕвезди кои треба да го дадат новиот лик на клубот. До почетокот на новата сезона е можно да дојде и Пол Погба, а уште неколку играчи од тековниот тим сигурно ќе заминат. Денес играчите ќе ги минат…
Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денеска ги демантираше пишувањата на некои медиуми дека Аргентина ќе биде вклучена во Лигата на нации, натпреварување кое е од континентален карактер. „Не е точно дека сме и понудиле на Аргентина да игра во Лигата на нациите или било која друга конкуренција на натпреварување на УЕФА. Тие не се членки на УЕФА и воопшто немаше разговори на таа тема“, велат од УЕФА. Дел од медиумите, пред се на шпанска “Марка” ја објави веста дека Аргентина и во иднина би можела да заигра во Лигата на нации на УЕФА, бидејќи не се задоволни со развојот на настаните…
Кевин Дурент и официјално е кошаркар на Бруклин Нетс. Тој во следните четири години ќе биде играч на попукарните „мрежички“, со договор вреден 141 милион долари. Во новата средина, Дурент ќе добие и нов број – 7. Во новиот тим заедно со него доаѓаат уште две големи ѕвезди, Кајри Ирвинг и ДеАндре Џордан.
Напаѓачот на Рома, Стефан Ел Шарави, и официјално е нов фудбалер на кинескиот тим Шангај Шенхуа. Според италијанските медиуми, 26-годишниот фудбалер потпишал тригодишен договор според кој ќе добие околу 40 милиони евра во новиот тим. Во рамките на договорот се вклучени и бонуси во висина од 18 милиони евра. Ел Шарави е дел од Рома од 2016 година. Минатата сезона одигра 28 натпревари во италијанската Серија А, во кои стана автор на 11 гола, а исто така имаше и 3 асистенции.
Аргентинскиот стратег на селекторската позиција во Перу, Рикардо Гарека од синоќа се споменува за прв фаворит з анов селектор на Аргентина. Гарека по финалето со Бразил ја прокоментира најавата дека може да ги преземе „гаучосите“. „Ја сакам мојата земја, но имам обврски кон Перу до 2021 година. Сакам да си го исполнам договорот. Ако успееме да се квалификуваме на Светското првенство, договорот ќе биде продолжен“, изјавил Гарека. Перуанците на Копа Америка дојдоа до финалето што беше еден од најдобрите резултати на селекцијата во последната деценија.
Поранешниот фудбалер на Ливерпул, а сега и менаџер на шкотски Ренџерс Стивен Џерард, ја отфрли понудата да го преземе тимот на Њукасл. Претедателот на англискиот премиерлигаш, Мајк Ешли лично бил заинтересиран да го види 39-годишниот стратег на клупата на тимот, по заминувањето на Рафаел Бенитез. Претходно беше објавено дека Џерард одбил да го преземе и Дерби Каунти по заминувањето на Френк Лампард на позицијата главен тренер на Челзи во Лондон. Џерард работи во Ренџерс од летото 2018 година, а минатата сезона го предводеше тимот до третото место во шкотскиот шампионат.
Фудбалската репрезентација на Бразил е освојувач на Копа Америка. Синоќа во финалето на „Маракана“ во Рио де Жанеиро, Бразилците славеа над Перу со 3:1 и успеаја пред своја публика да дојдат до трофејот на шампионатот на Јужна Америка. Првиот гол беше постигнат во 15 минута, а беше дело на фудбалерот на Гремио, Евертон. Во драматичната завршница на првиот дел, напрво Перу од пенал со голот на Гереро успеа да израмни на 1:1, за веднаш потоа Бразилците повторно да се вратат во водство со голот на Габриел Жесус. По паузата, Бразил остана без Жезус, кој заработи двоен жолт картон, но Перу…
Фудбалската репрезентација на Мексико по осмипат го освои Голд Купот. Првенството на Северна и Средна Америка заврши утринава со финалниот меч во Чикаго на кој Мексиканците со 1:0 го совладаа домаќинот САД и дојдоа до круната. Единствениот гол беше дело на Џовани Дос Сантос и тоа во завршницата на мечот во 73 минута. Поранешниот фудбалер на Барселона и Виљареал, а сега играч на Лос Анџелес Галакси, успеа да му донесе нов успех на мексиканскиот тим по последната титула во 2015 година.
Женската кошаркарска репрезентација на Македонија за играчи до 18 години го загуби и третиот меч на ЕП – Б дивизија кое се одржува во Скопје. По Романија и Ирска, Грција е третиот противник кој и зема „мерка“ на македонската женска јуниорска репрезентација. Нашите репрезентативки одиграа добар напревар, но не успеаја да се израдуваат. Грција славеше со 48:38 и ни го нанесе третиот пораз. Селцова со 16 постигнати поени беше најдобра реализаторка во нашата репрезентација.
