Денес започнува новата ера во Реал Мадрид по поразителната мината сезона, кога тимот целосно потфрли. Проблемите со тренерите, исто така, придонесоа за она што се случи, па враќањето на Зинедин Зидан и вложените 298 милиони евра во нови фудбалери треба да го вратат стариот лик на клубот.
Еден Азар од Челзи беше трансфер бр. 1, но и Родриго, Милиато, Јовиќ и Менди се ѕвезди кои треба да го дадат новиот лик на клубот. До почетокот на новата сезона е можно да дојде и Пол Погба, а уште неколку играчи од тековниот тим сигурно ќе заминат.
Денес играчите ќе ги минат медицинските тестови, а Зидан започнува со група од 28 играчи, од кои четворица се од вториот тим.