Фудбалската репрезентација на Бразил е освојувач на Копа Америка. Синоќа во финалето на „Маракана“ во Рио де Жанеиро, Бразилците славеа над Перу со 3:1 и успеаја пред своја публика да дојдат до трофејот на шампионатот на Јужна Америка.
Првиот гол беше постигнат во 15 минута, а беше дело на фудбалерот на Гремио, Евертон. Во драматичната завршница на првиот дел, напрво Перу од пенал со голот на Гереро успеа да израмни на 1:1, за веднаш потоа Бразилците повторно да се вратат во водство со голот на Габриел Жесус.
По паузата, Бразил остана без Жезус, кој заработи двоен жолт картон, но Перу не ја искористи предноста. Напротив во финишот Бразил доби удар од белата точа кој Ришарлисон го претвори во конечни 3:1. Бразил ја освои деветтата титула на Копа Америка, а Перу остана на двете титули од 1939 и 1975.

