Фудбалерите на Шкендија остварија минимална победа од 1:0 на гостувањето во Естонија против екипата на Номе Калју од 1:0 во првиот меч од 1. квалификациско коло во Лигата на шампионите. Во меч во кој тетовци беа многу подобар ривал, на крајот одлучи удар од белата точка.
На единствениот гол се чекаше повеќе од 80 минути. Агим Ибраими ја доби шансата да го реши мечот и со прецизен удар во 81. минута им донесе водство на нашите шампиони. Номе Калју не покажа игра од која Шкендија треба да стравува во реваншот, иако е јасно дека ќе треба да се одиграат уште 90 минути на патот до 2. квалификциско коло.